НОВОСТИ
Ликовен натпревар „Моите соседи како мои пријатели“

Владимир Анастасовски од градинката „Срничка“, објект „Калинка“ побетник на натпреварот за најдобра ликовна творба, во категоријата од предучилишна возраст.

Денеска во ТЦ „Капитол мол“ се одржа ликовен хепенинг на кој децата од детските градинки и учениците од основните училишта од Општина Аеродром цртаа на тема: „Моите соседи како мои пријатели“, во организација на Општина Аеродром, Европското движење, Европската делегација и ТЦ „Капитол мол“ по повод прославата на 9 Мај, Денот на Европа.

Шефот на Делегацијата на ЕУ, Самуел Жбогар, градоначалникот на Општина Аеродром, Златко Марин, претседателката на Советот; Ивана Цветковска и претседателката на Европското движење, Милева Ѓуровска, им ги доделија наградите на победниците во трите категории.

Цртежите од ликовниот конкурс, како и наградените творби, ќе бидат изложени во трговскиот центар „Капитол мол“ до 9 мај. Целта на оваа манифестација е не само да се развие детската уметничка креативност и инвентивност туку и младата популација од Општина Аеродром да се приближи кон европските вредности.

 

   

Top