НОВОСТИ
22 Април - Одбележување на светскиот ден на планетата Земја

Светскиот ден на планетата Земја децата од градинка "Срничка", објект "Црвенкапа" го одбележаа со ликовен хeпeнинг во Националната галерија на македонија:" Даут Пашин Амам".Преку цртежи и еко-пораки  децата се обидоа уште еднаш да упатат апел за важноста на чистата околина заедно со нивните другарчиња од градинка "Фидани".Исто така, земаа и активно учество во воспитно-образовните активности  на тема “Чување и заштита на животната средина” кои се реализираат со цел  подигнување на свеста кај децата  за чување на планетата Земја, заштита на животната средина и почист воздух  за дишење. Овие активности се спорведуваат континуирано во рамките на програмата  " Интеграција на еколошката едукација во македонскиот образовен систем".

        

Top