НОВОСТИ
Иде убав ден, иде Велигден! - објект "Лале"
Детската спонтаност и фантазија се постојана инспирација на воспитувачите од објект Лале” за креирање активности преку кои неосетно , но највлијателно на децата  им нудат историски податоци , традиционални обележја и културни специфики карактеристични за локалната заедница . Со цел развој на  толерантност и отвореност преку запознавање на сопствената традиција обичаи  и негување на мултикултурализам,  воспитно-згрижувачкиот тим во објектот Лале”, ЈДГОА Срничкаго релизираа проектот под наслов Иде убав ден, иде Велигден!” со дечињата на возраст од 2 -6 години. Во текот на презентацијата ,како посебни цели воспитувачите ги истакнаа збогатувањето на искуствата на децата со културата , традицијата , велигденските обичаи , традиционалната музика и игри ,традиционалната храна  и развојот на чувство на толеранција , љубов , разбирање за различните култури , традиции и обичаи во местото на живеење.
Создавањето на стимулативна средина , добро расположение кај децата и пријатна и опуштена атмосфера во која се негуваше  говорното, ликовното и музичко творештво , беше поттикнато и од страна на едукаторите од Етнолошкиот музеј на Македонија со кои беа реализирани неколку креативни и едукативни работилници.
Преку реализацијата на планираните активности децата се запознаа со традицијата , културата и обичаите на својата заедница , како и споредба и почитување со другите заедници. Исто така имаа можност да се запознаат со нови ликовни техники , да користат разни обликувани и необликувани материјали за создавање креативни дела , традиционални игри , песни.Помеѓу децата се разви позитивна атмосфера, почитување и соработка  и секако добро расположение во пречек на најголемиот христијански празник Велигден”.
 
          
Top