НОВОСТИ
Човечкото тело-совршена фабрика

Во период од четири месеци дечињата од 2 до 6 годишна возраст во објектот "Калинка"- ЈДГОА "Срничка" беа вклучени во реализација на проект: "Човечкото тело- совршена фабрика". При реализацијата на содржините дечињата стекнуваа сознанија за човечкото тело, неговите делови, органи и нивните функции.Проектот имаше за цел кај децата да се поттикнуваат здрави навики за редовна конзумација на здрава храна, да градат позитивен однос кон себе, да развиваат свесност за сопственото тело како и воочување,препознавање, прифаќање и почитување на различностите.

     

Top