НОВОСТИ
Пролетни радости

Пролетните промени во природната околина  ги инспирираа децата на возраст од 4 до 5 години да одржат приредба за своите родители.Во двете воспитни групи дечињата со песна, рецитации и танци ги прославија убавините на пролетта како годишно време. Родителите имаа можност да се радуваат и да ги охрабруваат своите дечиња во сите вештини и знаења што ги стекнаа и ги презентираа на заедничкото дружење. Времето поминато во градинка со своите учителки и родители е најпосакуваниот период на децата, бидејќи тогаш се чуствуваат значајни и поддржани од лицата кои им нудат најголема грижа и љубов.

   

Top