НОВОСТИ
ЦВЕТНАТА УЛИЦА

Приказната за девојчето Флора, дојдено како принцеза од еден егзотичен прекуокеански остров ги воодушеви дечињата од градинка "Црвенкапа" и "Лале" со своите еколошки акции. Принцезата Флора е вознемирена од степенот на загаденоста на густо населените краишта од нашата планета. Со помош на своите другарчиња Том, Лила и Бени, успева да го спречи сечењето на шумите, промовира возење велосипеди наместо автомобили, ги запознава децата со рециклирањето... Карактеристично за претставата е тоа што изобилува со сонгови, видео-проекции и одлична актерска игра.

  

Top