НОВОСТИ
Се движам безбедно во мојот град

Во рамките на проектот “Мали градители- Скопје денес и во иднина”, децата од објект “Лале” учествуваа во сообраќајна работилница заедно со нивните нови пријатели од градинка “Фидани”.   Оваа работилница им овозможи на децата да учат и да се запознаваат со кодексот на однесување во сообраќајот и неговата практична примена при секојдневно движење низ градот. Патувајќи до градинката, деца  ја посетија  најблиската крстосница и ги набљудуваа движењата на автомобилите, сообраќајните знаци, пешачките патеки, итн. Потоа, во салата на градинката „Срничка“  работea  во интерактивни групи со мешан состав на деца, со различно јазично потекло. Дека пријателството нема граници покажаа малите дечиња кои активно учествуваа во кооперативните групи  и ги исполнија своите едукативни задачи поврзани со темите: Сообраќајот во мојот град; Сообраќајни средства, Правила во сообраќајот,Видови на сообраќајни средства . Децата научија како да се движат безбедно во сообраќајот , што беше и главната цел на денешната работилница.

      

Top