НОВОСТИ
2019-07-17

Се растегнуваме преку приказна. Се наоѓаме на ливада, а таму прекрасни миризливи цвеќиња.Ги помирисуваме (користиме етерични масла) и длабоко издишување. Го поздравуваме сонцето и правиме виножито со рацете на левата и десната страна. Погледнуваме кој има позади нас, го растегнуваме грбчето и вратот. Гледаме пеперутки, вежбаме поза на пеперутка, ги поздравуваме со истегнување на рачињата од лево, па на десно. Повторно мирисаме и издишуваме. Слетуваат бубмбарчиња, ги поздравуваме со правење на поза бубмбар и брмчиме со устата.Продолжуваме со птиците, пајачињата, змиите, кучињата, мачињата, желките...и се отпуштаме, повторно мирисаме цвеќиња.

ТЕК НА АКТИВНОСТА

Доколку си животно, кое животно би сакал да бидеш?оставаме време детето да размисли и да се визуелизира во животното што го замислува.Зошто?Што ти се допаѓа кај тоа животно?Откако сите дечиња во круг ќе се искажат, дишеме во цветчињата (рацете ни се во форма на цвет и на нив има мирис)

Што умеете вие најдобро да правите?Кога сте задоволни сами од себе? Кога најчесто ви кажуваат браво и ве пофалуваат?продолжуваме со разговорот во круг.Што кај себе намногу сакате?)ги охрабруваме да размислуваат позитивно за себе, за своите можности и особености. 

"Петте работи во кои сум добар" Секое дете изработува постер на кој преку цртеж ги илустрира петте работи во кои е добар. Постерите децата ги разгледуваат и секое едно се пофалува за нештата што се прикажани за него. Постерите децата ги носат дома. Треба да си ги стават во својата соба, пр. над креветот за секое утро кога стануваат да се подсетуваат на своите пет работи во кои се добри .

   

2019-07-16

Јавна детска градинка Срничка на општината Аеродром во Градот Скопје

Врз основа на член 143 ст.5 и 6 од Законот за заштита на децата (Сл.весник на РМ бр.23/13, 12/14, 44/14, 144/14, 10/15, 25/15, 150/15, 192/15, 27/16, 163/17, 21/18, 198/18 и 104/19) ЈДГОА СРНИЧКА – Скопје објавува:

ИНТЕРЕН ОГЛАС БР.01/2019

за унапредување на едно лице од работно место неговател на работно место воспитувач на неопределено време

 

1.ДЕЗ 03 03 В03 001– Воспитувачна деца над 2-6 годишна возрастIII ниво– 1 (еден)извршител

 

Општи услови

  • да е државјаниннаРепубликаМакедонија;
  • да е физички и психички здрав;
  • да го познава македонскиот јазик и кириличното писмо;
  • да не му е изречена казна или прекршочна санкција забрана за вршење професија, дејност или должност;
  • да не му е изречена казна со правосилна пресуда со која е осудено за кривично делоза семејно насилство, одземање на малолетно лице, негрижа или злоставување на малолетно лице или родосвернавење, за кривично дело од групата на дела против половата слобода, без оглед на изречената санкција и кај кое во согласност со законот е утврдено дискриминаторско однесување.

 

Посебни услови

  • за ниво В3 - воспитувач на деца над две години возраст до шест години возраст, (дипломиран професор по предучилишно воспитание, дипломиран воспитувач на деца од предучилишна возраст, дипломиран педагог за предучилишно воспитание и дипломиран педагог), со стекнати 240 кредити според ЕКТС или завршено високо образование VII/1 степен и воспитувач за престој на деца на возраст од шест години, односно од поаѓање во основно училиште до десет години возраст (дипломиран професор по предучилишно воспитание, дипломиран воспитувач на деца од предучилишна возраст, дипломиран педагог за предучилишно воспитание и дипломиран педагог), со стекнати 240 кредити според ЕКТС и да се со важечка лиценца за воспитувач и најмалку една година  работно искуство во струката.

 

Покрај општите и посебните услови, кандидатот треба:

  • Да е оценет со оцена “4” или “5” при последното оценување
  • Да поминал најмалку две години на тековното работно место и
  • Да не му е изречена дисциплинска мерка во последната година пред објавувањето на интерниот оглас

 

Распоред на работно време

  • Работни денови од понеделник до петок
  • Работни часови неделно 40 часа
  • Работно време од 07:00 -15:00 часот

Паричен бруто износ на плата: 35.144,00денари

Рокот за пријавување изнесува 3работни дена, сметано од денот на објавувањето на огласот, а изборот ќе се изврши во рок од 10дена по истекот на рокот за пријавување.

Заинтересираните кандидати треба да достават Пријава за вработување со прилог потребна документацијаи тоа:

-диплома/свидетелство за завршено соодветно образование -оригинал или копија заверена на нотар;

-уверение за државјанство;

- лекарско уверение;

-своерачно потпишана Изјава од кандидатот дека го познава македонскиот јазик и кириличното писмо;

-доказ од надлежен суд дека на кандидатот не му е изречена казна или прекршочна санкција забрана за вршење професија, дејност или должност;

 -доказ од надлежен суд дека на кандидатот не му е изречена казна со правосилна пресуда со која е осудено за кривично дело за семејно насилство, одземање на малолетно лице, негрижа или злоставување на малолетно лице или родосквернавење, за кривично дело од групата на дела против половата слобода, без оглед на изречената санкција и кај кое во согласност со законот е утврдено дискриминаторско однесување;

-важечка лиценца за воспитувач - оригинал или копија заверена на нотар

- потврда од Установата со која се потврдува дека кандидатот е оценет со оцена “4” или “5” при последното оценување, дека работел најмалку 2 години на работно место воспитувач  и дека не му е изречена дисциплинска мерка во последната година пред објавувањето на интерниот оглас

Пријавата за вработување кандидатите може да ја подигнат од управата на ЈДГОА СРНИЧКА – Скопје на следната адреса: бул.Јане Сандански бр.29А – Скопје.

Пријавата за вработување со потребната документација кандидатите треба да ја достават во хартиена форма до архивата на ЈДГОА СРНИЧКА – Скопје или по пошта на следната адреса:

ЈДГОА СРНИЧКА – Скопје

Бул.Јане Сандански бр.29А – Скопје

(со назнака: “за интерен оглас бр.01/2019”)

Лице за контакт – Јанко Ралев тел.072-247-508.

Кандидатите се должни да достават прецизни и точни податоци.

Селекцијата и интервјуто на пријавените кандидати ќе ги спроведе надлежна Комисија, формирана за спроведување на постапката за унапредување.

Пријавените кандидати ќе бидат навремено известени за времето и местото на одржување на интервјуто.

Ненавремена, нецелосна и некомплетна Пријава и документација нема да биде предмет на разгледување од страна на Комисијата.

ЈДГОА СРНИЧКА - СКОПЈЕ

2019-07-10

Преку илустрации на форографии од деца со емоции на тага, среќа и лутина разговараме за тоа како се чуствуваат децата. Ги поттикнавме да размислуваат зошто се чувствуваат така? Ги охрабруваме да даваат што е можно повеќе одговори? Како ги забележуваат емоциите? Децата  ги демонстрираа со прстите, стапалата, рацете, нозете, целото тело....Им дадовме доволно време да истражуваат различни начини на покажување на среќа, тага, лутина...Си замислувавме дека сме тажни. Сите се движевмеме како да сме тажни...потоа сме лути...стискаме тупаници, се муртиме со лицето, ржиме, маршираме со нозете.....продолжуваме да се движиме во круг.... завршуваме со среќа и песничка. Ги охрбуваме да си подпевнуваат, да си скокаат слободно и да си трчкаат со цел да се ослободат од напнатоста.Овие активности се реализираат со цел детето да се оспособува за воочување и манифестирање на некои емоции во секојдневната комуникација.

   

2019-06-05

Децата на предшколска возраст сакаат да се "преправаат", без разлика дали си играат во семејно-драмскиот центар или ја драматизираат својата омилена бајка.Драмските игри се детски начин на истражување на човечкото искуство и затоа се вели дека "драмата е пракса за животот". Детската драма го активира  внманието и ако на децата автентично им се претстави тоа што треба да го научат, доколку се активно вклучени во процесот на учење, тие  ќе стекнат повеќе информации и искуства, а ефектот врз нивниот развој ќе биде подобар и потраен. Токму поради големата методолошка вредност на креативната детска драма, ЈДГОА "Срничка" во соработка со Театарот за деца и млади започнува со имплементирање на проект кој ќе овозможи дечињата на возраст од 4 до 6 години во, сите објекти на установата,во текот на воспитната 2019/20 година да уживаат во претставите кои ќе бидат на репертоар на оваа културна инситуција.

Дечињата од големите и средните возрасни групи од објект “Лале” имаа можност да уживаат во претставата “Лакомата мецана”. Овие активности се реализираат со цел:

  • Стекнување на елементарни знаења за театарот, драмската и музичката уметност воопшто, како и развивање на љубов и интерес кон иституциите во кои се обавуваат овие дејности.
  • Запознавање со бината, сцената,просториите за подготовка на актерите, суфлерот и неговото скришно место,режисерот, сценографот, костимографот.Запознавање со исновите форми на театарската уметност.
  •  Поттикнување кон развивање на способност за невербално комуницирање со помош на гестови, мимики и пантомима преку учество во драматизации и развивање на желба за прифаќање на игра на улоги.
  • Усвојување и применување на културно однесување при посета на културни институции и разговор со возрасни лица кои работат таму како и со  врсниците ( Вие, Ви благодарам, молам. Се извинувам..)
  • Запознавање со бината, сцената,просториите за подготовка на актерите, суфлерот и неговото скришно место,режисерот, сценографот, костимографот.
  • Полесна социјализација и адаптација на децата преку тетарски претстави и игри на улоги, како и задоволување на потребата за активности и движење

   

2019-05-29

Сакаме да кажеме големо благодарам на вас родителите што во доверба ни ја укажавте честа, задоволството и обврската да се грижиме за оние кои што се најважни во вашите животи. Децата се срцето на овој град, наша и ваша иднина, децата се иднината на нашата земја.

Со многу песни, рецитации и танци децата покажаа само дел од тоа што го усвоија како знаења и вештини во текот на наивниот престој во градинката.Се надеваме дека на овој животен период со радост ќе се сеќаваат, како со нивните учителки со насмевка на лицето секојдневно се сретнувале.А тие следната година почнуваат од почеток.Ќе ја примат новата генерација на дечиња кои ќе ги воспитуваат како сопствени деца со бескрајна посветеност и безрезервна љубов.

  

2019-05-29

Работата во градинка бара многу труд, трпение, љубов и грижлив однос кон децата. Нашите резултати се секојдневни, а тоа се детската насмевка, детскиот успех и детската прегратка и затоа вработените од објект “Лале” сакаат токму на децата да им се заблагодарат, бидејќи без нив не би можеле секој ден да создаваат, да делат искреност и топлина.

“- Нашата цел беше и ќе остане секое дете да се чувствува сигурно, сакано и среќно. Задачата ја исполнивме, ги подготвивме децата за на училиште и го дадовме нашиот максимум. Ги подготвивме за нови одговорности, за нови училишни задачи и тука нашата задача престанува.”

Со многу рецитации, песни и танци децата ги потврдија очекувањата од своите учителки. Покажаа дека гордо и со самодоверба заминуваат во училиште.

“- Првачиња среќно!”

    



Top