Градинка „Калинка располага со 6 занимални од кои 3 имаат своја тераса на која се изведуваат активности за престој на воздух и други еко активности како засадување и одгледување на цвеќиња,лековити растенија, растенија за реализација на активности од проектот „ Градини во детските градинки“, проект кој се реализира по препорака на МТСП , и двор во кој има песочници и други рекреативни реквизити за децата. Подот е прекриен со паркет и ламинат, кој редовно се лакира и одржува според потребите . Дидактичкиот и игровен материјал редовно се осовременува , обновува и дополнува , следејќи ги современите текови и нови технологии.

1 занимална се користи за престој на деца од јаслена возраст.Таа е опремена со хромирани креветчиња за мали деца и со дрвени креветчиња за малику поголеми деца и богат избор на дидактички и игровен материјал немент за деца од оваа возраст;

3 занимални се наменети за престој на деца од постара предучилишна возраст – градинка кои располагаат со рекс креветчиња, специјално дизајнирани за предучилишните установи и богат дидактичко – игровен материјал, катчиња за поттикнување на развојот на децата;

– трпезарија во која се сревира оброкот на децата од сите воспитни групи;

– повеќенаменска сала која се користи за реализирање на активности од музичко воспитание, физичко и здравствено воспитание, приредби и други заеднички манифестации за и од децата и за вработените;

– библиотека која е снабдена со голем фонд на стручна литература

– една канцеларија за одржување состаноци

– еден кабинет за вршење на систематски прегледи.

Објектот е целосно реновирана и има сертификат на енергетски ефикасна градинка.


Назив на објектот

Површина на објектот

Површина на дворно место
КАЛИНКА 794м2. 4.262м2

Локација: ул.“Симеон Кавракиров “бб