Темелите
на
иднината
  • Есенскиот пазар и детските впечатоци
    2019-10-17
    Со цел одбележување на Светскиот ден  на храната, дечињата од градинка Срничка објект: “Чекорче” беа во посета на  пазар, кој се наоѓа во непосредна близина на  градинката. Упатувајќи се кон тезгите со разновидни есенски плодови , малите “срнички беа интересна глетка за минувачите и случајните купувачи на здрави продукти. Уште веднаш дечињата можеа да забележат дека  тука храната е свежа и разнобојна. Децата имаа прилика да видат различни видови сезонско овошје и зеленчук, да ги набљудуваат, именуваат и забележуваат разликите во бојата, големината, мирисот, формата. Исто така се потсетија на важноста на хигиената за нивнотот здравје и потребата овошјето и зеленчукот  да се мие пред неговото конзумирање. 
     
    Комбинацијата на здрава исхрана, одгледувањето на зеленчуци во своите органски градини, вклучувањето на родителите и едукацијата за важноста на здравата исхрана за децата од градинка, претставува еден интегриран пристап кој влијае на перцепцијата на децата и им дава можност да размислуваат и да уживаат во здравата храна од најмала возраст.
       
    Дознајте повеќе!
  • Девојчето и дванаесете месци
    2019-10-15

    Во рамките на проектот “РАЗИГРАН ДЕТСКИ СВЕТ” во соработка со Театарот за деца и младенци,  дечињата на возраст од 4 до 6 години од објект "Бамби" го посетија театарот за деца и младинци. Куклената представа  “Девојчето и 12 месеци”  ги поттикна децаата да ја илустрираат приказната во своите цртежи и да ги збогатат драмските игри со ликовите на девојчето и сите 12 месеци во годината.Стекнување на елементарни знаења за театарот, драмската и музичката уметност воопшто, како и развивање на љубов и интерес кон иституциите во кои се обавуваат овие дејности се основни цели кои се заложуваме да ги оствариме со реализација на овој проект.

       

     

    Дознајте повеќе!
  • Насилството помеѓу врсниците
    2019-10-10

    Децата од градинка "Чекорче" учеа за детските права преку едукативна работилница на тема "Насилството помеѓу врсниците". Анимираната наративна приказна ги воведе децата во судбината на главниот лик во приказната. Во позитивна емотивна атмосфера на меѓусебна поддршка и припадност, децата развиваа свест и емпатија кон случувањата на главниот лик во приказната и на едне безбеден начин соживувајќи се со настаните од  приказната учеа како да го препознаваат и да се заштитуваат од насилството помеѓу врсниците.

     

    Дознајте повеќе!
  • Моите права
    2019-10-10

    Големата воспитна група од објект "Чекорче" беше вклучена во проектот "Моите права", во соработка со О.У "Ѓорѓија Пулевски" по повод одбележување на Детска Недела.Низ игра, песна и илустрација дечињата од градинката се сплотија и другаруваа со децата од петото одделение и на тој начин се стекнаа со искуство кое ќе им помогне на идните првачиња во полесната транзиција градинка-училиште.Воедно децата заедно изработуваа пораки за детските права и дадоа јасна порака дека "Детството не смее да боли".

       

    Дознајте повеќе!
  • Се грижиме за животните
    2019-10-09

    Децата од градинка "Срничка", објект "Чекорче" истражуваа колку различни видови растенија и животни има во нивната околина и како се поврзани помеѓу себе.Различноста помеѓу видовите прави тие да се поврзани помеѓу себе, од најситниот инсект,големите дрвја, па се до најголемите животни. Живите суштества на нашата планета овозможуваат сите наши потреби да бидат задоволени и  затоа е важно уште од најраната возраст кај децата да развиваме свесност за потребата од чување и грижа за живиот свет. Убавото сончево време дечињата на возраст од 4 до 6 години го искористија за прошетка во Зоолошката градина и за донирање храна на животните кои се згрижени во неа.

          

    Дознајте повеќе!
  • Во посета на СОС Детско село - објект „Црвенкапа“
    2019-10-08

    Градинката „Срничка“ по повод Светската недела на детето  организираше повеќе активности за родителите и за децата кои престојуваат во неа. Преку забава и дружење, на децата им се објаснија нивните права и обврски, а воедно и  добија можност да се запознаваат  со нови пријатели и да стекнат позитивни интерперсонални вештини. По тој повод, во објектот "Црвенкапа" беша организирана работилницата  "До непознатото другарче".Подготвените подароци и детски пораки дечињата им ги однесоа на своите нови другарчиња од СОС Детско село. Во текот на посетата, децата си играа, цртаа и пееа песнички за денот на нивните нови другарчиња да им бида уште поубав и повесел. Хуманоста е една добра особина која се создава и гради уште од најрана возраст.Затоа децата згрижени во градинките ги учиме на хуманост и солидарност, да помагаат на лица кои се социјално загрозени, да сочуствуваат со оние на кои им е потребна помош и да ги почуствуваат потребите на другите.

            

    Дознајте повеќе!
Top