ВАЖНО И З В Е С Т У В А Њ Е !!!

Почитувани родители,

Согласно настанатата ситуација со дојавите за бомби, а се со цел зголемена безбедност на децата и вработените Ве известуваме за следното:

  • Да се почитува времето за прием во градинка и децата да се носат најдоцна до 08:30 часот. По 08:30 часот вратите ќе бидат заклучени и нема да се врши прием на деца;
  • Доколку се случи да задоцните поради претходно најавени оправдани причини, должни сте да ја контактирате учителката од групата како би се извршил приемот;
  • Бидете трпеливи и не им правете притисок на учителките, бидејќи сето ова се прави за безбедноста на Вашите деца;
  • Децата кои заминуваат пред пладневниот одмор ќе се издаваат во периодот од 12:00 до 12:30 часот кога вратите ќе се отворат. Ве молиме лицата кои ќе ги земаат децата пред пладневниот одмор да го почитуваат времето за земање и да го запазат редот за да не се прават гужви.
  • Децата кои остануваат на пладневен одмор ќе се издаваат од 15:00 часот кога вратите повторно ќе се отворат. Ве молиме и во овој период да се запази редот и да не се прават гужви.

Со почит,

ЈДГОА СРНИЧКА-СКОПЈЕ

ДИРЕКТОР

Александра Јелиќ Исаиловска