Тема: ,, Светлина и сенка-природни феномени”

Објект: ,, Чекорче”

Возрасна група: од 5-6 години

Воспитувач: Атинула Ничова

Децата од големата возрасна група беа во посета на Младинскиот Културен Центар-МКЦ. Во рамките на посетата, во едукативниот креативен центар, дечињата имаа можност да ги утврдуваат стекнатите говорни и математички знаења, да го развиваат творештвото и да учествуваат во едукативни и истражувачки активности. Во рамките на центарот, со воодушевување го гледаа ѕвезденото небо, се запознаа со поголемите соѕвездија и планетите во текот на организирината сесија во Планетариумот.