ВИЗИЈА

Да се поседува приматот – „царство на другарство“, значи, максимални заложби да ги поттикнете сопствените расположливи капацитети и потенцијали, и да создадете неповторлив впечатлив свет, кој на секое дете ќе му овозможи да живее во свое царство, во кое ќе се плете цврсто другарство. Тоа е сонот на секое дете, кое како индивидуа сака да се чувствува безбедно, сигурно, независно, задоволно и среќно. Да, тоа може да го создаде институција како Градинката „Срничка“ која е моќна да креира и создава различни, современи програмси содржини и модели на едукативна работа со деца и да обезбеди здрава и стимулативна средина која го поддржува детскиот развој и потенцијал. Јас, како директор, ЈДГОА „Срничка“ ја гледам како отворена и современа установа во која се негува самопочитта, различноста, индивидуалноста, мултикултурализмот и ќе се промовираат потребите и интересите на сите учесници во воспитно-образовниот процес. Градинката ќе биде транспарентна и прогресивна установа од која ќе бидат задоволни детето, родителите и воспитниот кадар и која перманентно ќе гради партнерски односи со семејството и локалната средина.

Со почит,

директор Александра Јелиќ