Градинка „Чекорче е матичен објект на установата.

Располага со 7 занимални за деца од постарата предучилишна возраст и 3 занимални на вториот спрат за деца од помалата јаслена возраст со странични тераси рекреативни реквизити за децата.

Сите занимални се климатизирани, подот е прекриен со паркет и ламинат, кој редовно се лакира и одржува според потребите . Дидактичкиот и игровен материјал редовно се осовременува , обновува и дополнува , следејќи ги современите текови и нови технологии.

1 занимална се користи за престој на деца од јаслена возраст.Опремена е дел со хромирани креветчиња за мали деца, а дел со дрвени креветчиња за поголемите деца и богат избор на дидактички и игровен материјал немент за деца од оваа возраст;

9 занимални наменети за престој на деца од постара предучилишна возраст – градинка кои располагаат со рекс креветчиња, специјално дизајнирани за предучилишните установи и богат дидактичко – игровен материјал, катчиња за поттикнување на развојот на децата;

– трпезарии пред секоја занимална;

– повеќенаменска сала која се користи за реализирање на активности од музичко воспитание, физичко и здравствено воспитание, приредби и други заеднички манифестации за и од децата и за вработените;

– во овој објект е сместена и главната кујна во која се подготвуваат секојдневно по три оброци – доручек, ручек и ужинка- за сите деца

– овде е и пералната во која редовно се води сметка за хигиената на постелнината и другите пропратни елементи како завеси и др. за сите објекти;

Локација: бул:”Јане сандански”бр:29A

Назив на објектот Површина на објектот Површина на дворно место
ЧЕКОРЧЕ 1522 м2 4.275м2