Месец: м.г

„Читаме, создаваме, размислуваме“ – обука за професионален развој на воспитно-образовниот кадар

Во насока на континуирано унапредување на професионалните компетенции и збогатување на воспитно-образовната практика, реализиравме обука на тема „Читаме, создаваме, размислуваме“, наменета за воспитувачите, стручните работници, раководителите и стручните соработници во нашата установа. Обуката ја реализиравме во соработка со професорките од Педагошкиот факултет „Св. Климент Охридски“ – Скопје, проф. д-р Весна Маашевска, од областа на Методиката …

„Читаме, создаваме, размислуваме“ – обука за професионален развој на воспитно-образовниот кадар Прочитајте повеќе…

Почитувани родители,

Ви упатуваме голема и искрена благодарност за вашето учество, придонес и поддршка во реализација на нашиот “Есенски базар”. Ви благодариме за вашиот вложен труд и несебичност. Секое ваше слатко задоволство – создадено со неизмерна љубов и креативност придонесе нашиот базар да биде уште еден прекрасен ден за најмилите, исполнет со радост и волшебни детски насмевки. …

Почитувани родители, Прочитајте повеќе…

Денеска дворот на „Калинка“ беше исполнет со детска радост, насмевки и шарени балони!

Сите групи заедно пуштија балони со порака до непознато другарче — порака за пријателство, љубов и среќно детство. Во духот на Детската недела, испративме желба секое дете да биде сакано, прифатено и опкружено со другарчиња. Од мало срце до непознато другарче — со голема љубов! Со љубов, Објект “Калинка”

Во рамките на одбележувањето на Детската недела, денес поминавме прекрасен ден во Зоолошката градина!

Со многу љубопитност, насмевки и радост, децата имаа можност да ги запознаат животните и да уживаат во заедничката дружба. Детството е најубавата приказна – да ја исполниме со незаборавни моменти! Објект:Бамби Возрасна група: од 4 до 5 години Воспитувач:Марина Трајчевска Негувател:Илинче Цветковска

Тема: „Еко волонтеризам – Зелен волонтеризам“

Во нашата градинка реализиравме едукативна и интересна активност посветена на еколошката свест, грижата за природата и зелениот волонтеризам, во соработка со претставници од Црвениот крст. Преку разговор, практични активности и дружење, децата на забавен и разбирлив начин учеа дека и најмалите можат да придонесат за почиста, поздрава и позелена околина. Децата беа поттикнати да ја …

Тема: „Еко волонтеризам – Зелен волонтеризам“ Прочитајте повеќе…

Детската недела започнува со насмевки, добрина и детски пораки!

Нашите најмали денес споделија пораки за детските права со случајните минувачи, потсетувајќи нè дека секое дете има право на љубов, грижа, образование, игра, заштита и среќно детство. Нека нивните искрени пораки стигнат до сите и нека нè потсетат дека секое дете има право да биде слушнато, почитувано и сакано. Објект:Бамби Возрасна група од 4 до …

Детската недела започнува со насмевки, добрина и детски пораки! Прочитајте повеќе…