Бројност на деца во групи за време на COVID-19
Бројот на деца во група е моментално ограничен на следниот начин:
- 0-24 месеци: 12 деца во група
- 24 месеци - 6 години: 15 деца во група
Напомена
Доколку бројот на деца во воспитната група во кое е запишано Вашето дете го надмине пропишаниот број на деца, Вашето дете времено може да биде распоредено во друга воспитна група, кај друг воспитувач и неговател, или може да биде сместено во друг објект во нашите објекти.






- Родителите/старателите при носење на децата во градинка да имаат заштитна маска.
- Децата не носат заштитна маска.
- Доколку детето при прием има зголемена телесна температура, веднаш ќе биде вратено.
- Родителите кои забележале појава на симптоми кај своето дете, треба да се консултираат со лекар и веднаш да го известат воспитувачот (детето не се носи во градинка).
- Доколку детето е отсутно поради било кои здравствени причини, при повторно доаѓање на детето во градинка потребно е родителот/старателот да донесе нова лекарска потврда од матичниот лекар за здравствената состојба на детето.
- Почитувајте го утврденото време за носење на детето во градинка.
- Почитувајте ја обележаната просторна дистанца при предавање и земање на детето.
- Носење и земање на детето од градинка го врши само едно лице.
