Завршни проекти

Проект „Моите права”

Во соработка со ОУ „Ѓорѓија Пулевски” по повод одбележување на детската недела Низ игра ,песна,илустрација,дечињата од градинката се сплотија и другаруваа со децата од петто одделение и на тој начин се стекнаа со искуство кое ќе им помогне на идните рвачиња со цел полесна транзиција,градинка-училиште ,при тоа дадоа јасна порака.

„Бон тон за сите деца“

Овој проект беше реализиран со цел децата да се научат, како треба културно да се однесуваат во градинката и надвор од неа.Да стекнуваат социо –емоционални вештини,неопходни за развивање на добро воспитана и културна личност која што користи културни зборови во секојдневната комуникација.

„Разигран детски свет“

Стекнување на елементарни знаења за тетарот, драмската и муичката уметност воопшто.Со ова децата постигнаа усвојување и применување на културното однесување при посета на културни институции.Поттикнување кон развивање способност за невербално комуницирање

,, Грижете се за животните и домашните миленици’’, реализиран од ,, Агенција за храна и ветеринарство’’ со професори од факултетот за ветерина

Институција

 

Опис

Датум

Да се движиме за здравје

Кај децата од мали нозе да се формираат здрави животни навики кои ќе станат составен дел од денот на секое дете

17.09.2019

Разигран детски свет

Куклена претстава

-Лакомото мече

Стекнување на елементарни знаења за театарот, драмската и музичката уметност како и развивање љубов и интерес кон институциите во кои се обавуваат овие дејности

24.09.2019

26.11.2019

03.12.2019

Агенција за храна и ветеринарство

Децата од најрана возраст да се стекнат со знаење и навики за тоа како треба да се грижат за животните и домашните миленици

24.09.2019

Ден без автомобили

Децата пешачат по кејот на реката Вардар, вежбаа и се едуцираа за придобивките од пешачењето

20.09.2019

До непознатото другарче-Работилница во објект Црвенкапа

Преку забава и дружење на децат да им се објаснат нивните права и обврски, а воедно да запознаваат нови пријатели и да стекнат позитивни и интерперсонални вештини.

08.10.2019

Посета на зоолошка градина

Од најраната возраст кај децата да се развива свеста за потребата од чување и грижа за живиот свет

09.10.2019

Проект- Моите права

Во соработка со ОУ„Ѓорѓија Пулевски“

Низ игра и песна, илустрација дечињата од градинката се сплотија и другаруваа со децата децата од петто одделение и на тој начин се стекнаа со искуство кое ќе им помогне на идните првачиња за полесна транзиција градинка-училиште.При тоа дадоа јасна порака детството несмее да боли.

14.10.2019