Мисија

Како институција, која може да се поистоветува со „оаза на мирот“, во која царува љубовта, спокојот и сплотеноста, градинката претставува безбедна средина која е посветена на секое дете, му овозможува правилен раст, развој, воспитание и образование. Таа и натаму несебично ќе му понуди квалитетна воспитно- образовна содржина и, на свој специфичен начин, ќе му овозможи да се развива во согласност со своите можности, потреби и интереси. Потпирајќи се на беспрекорната тимска работа, во градинката континуирано ќе се подготвуваат активности базирани на Стандардите за рано учење и развој, а играта која е најверниот придружник на детето секогаш ќе претставува доминантен инструмент за учење. Градинката, максимално ќе ги вложи своите потенцијали да обезбеди адекватна грижа и нега за секое дете, да создаде богата стимулативна средина за развој, воспитување и учење на децата, и на тој начин ќе ги мотивира, инспирира, поттикне и поддржи да ја стекнуваат и развиваат својата самодоверба. Да ја негуваат одговорност кон себе и околината, да го прифаќаат и применат почитувањето, солидарноста и толерантно однесување, притоа почитувајќи ги различностите.

Со почит,

директор Александра Јелиќ и целокупниот тим на градинка „Срничка“