Едукација за родители
Со системот за предучилишно воспитание и образование се обезбедуваат услови за остварување на правата на децата и задоволување на нивните потреби, унапредување на нивното физичко и ментално здравје, со активно учество на децата во заедница со другите, во услови прилагодени на децата, нивните можности, интереси и потреби.
Притоа воспитувачите преземаат активности со цел да креираат услови за сознавање и учење по пат на игра, интеракција, активирање во истражувачко-откривачки процеси и решавање на различни проблемски ситуации. Заради тоа градинката како прва организирана воспитно-образовна институција има пресудна улога во формирањето и развојот на способностите за учење, задоволување на сознајните потреби и поттикнување на сознајните интереси на децата. Во детската градинка во текот на денот, се одвиваат најразлични воспитно-образовни активности, слободни активности и игра, реализација на дневните планирања, пасивен и активен одмор, релизација на факултативни програми (доколку ги има согласно интересот на родителите), моторички активности, прошетки, набљудувања, учество во различни манифестации, индивидуална работа со деца и родители.
Работата е поделена по центри:
- литературен
- истражувачки
- драмски
- математички
со доминантен метод на игра. Содржините се поделени по домени:
- физичко здравје и моторен развој
- социоемоционален развој
- развој на пристап кон учењето
- развој на јазикот, описменување и комуникација
- когнитивен развој и стекнување на општи знаења
Во рамките на секој домен се определни и субдомените. Очекувањата за она што децата треба да го знаат и можат да го направат на одредена возраст се стандардите поделени по возрасни групи (0-2 години, 3-4 години, 4-5 години и 5-6 години) согласно законската регулатива врз основа на која се организира работата на детските градинки и поделбата на децата во групи.