ЈДГОА Срничка согласно одредбите од Законот за заштита на личните податоци се грижи за заштитата на сите податоци на посетителите на веб-страницата, како и сите останати дигитални решенија кои ги користи ЈДГОА Срничка, а кои процесираат податоци во сопственост на странките на градинката. 

Вашите права во однос на обработката на лични податоци се:

  • право да бидете информирани за обработката на личните податоци
  • право на пристап до личните податоци
  • право на исправка и бришење на личните податоци
  • право на ограничување на обработката на личните податоци
  • право на приговор

При пристапувањето на нашата веб-страница, се запишуваат следниве податоци:

  • Време на пристап на веб-страницата
  • IP адреса, која има и поврзаност со Вашата локација и Интернет провајдер
  • Прелистувачот од кој пристапувате, кој може да содржи и:
    • Модел на вашиот уред
    • Оперативен систем и верзија
    • Хардверски податоци како поддржани графички функционалности и инсталирани додатоци/plugins

Овие податоци ги користи веб-опслужувачот (server) во таканаречени лог-датотеки за идентификување на DDoS напади, проблеми со пристап на веб-страницата, грешки кои спречуваат правилно прикажување и непречена достапност на информациите кои ги нудиме. Податоците се чуваат 2 недели и можат да бидат пристапени само од веб-администраторот само за претходно споменатите потреби.

 

Интернет колачиња (cookies)
Интернет колачиња се датотеки во Вашиот уред кои може да чуваат податоци, а да бидат прочитани од веб-сервисите кои ги користите на Вашиот уред.

Нашата веб-страница го користи веб сервисот Cloudflare кој помага при управување со т.н. опслужувачи и брзо вчитување на веб-страницата. Овој сервис вчитува колаче кое ја идентификува моменталната сесија т.е. пристап на нашата веб-страница.

 

Под кои услови Cloudflare ги користи колачињата?
За повеќе информации околу колачињата од компанијата Cloudflare, Inc. и прибраните податоци може да ја посетите веб-страницата https://www.cloudflare.com/cookie-policy/ која ја содржи полисата за колачиња, која влијае на функционалноста на веб-страницата на ЈДГОА Срничка. Оваа датотека која ја идентификува сесијата има времетраење колку самата корисничка сесија.

 

Доброволно внесени лични податоци
Освен информативните написи, градинката содржи и дигитална апликација за запишување на деца, е-пошта за отпишување на деца, прашања, огласи и апликации за работа. Преку овие алатки, ЈДГОА Срничка прибира сензитивни дигитални податоци.

Овие податоци можат да бидат пристапени само од предодредени вработени во работни процеси и работни задачи кои се правно одредени и дозволуваат ракување со податоците.

За повеќе информации околу приватноста на овој вид на податоци контактирајте го нашиот офицер за заштита на лични податоци:

Јанко Ралев
тел. 072-247-508
[email protected]

Истиот контакт може да се користи за поднесување приговор или барање за бришење на личните податоци.

Комуникација со Вашата е-пошта и контакт телефон
ЈДГОА Срничка може да испрати порака до вашата е-пошта или да направи повик кон вашиот контакт телефон само за да одговори на Вашите барања согласно правните процеси на градинката. 

Време на чување на податоците
Податоците кои ЈДГОА Срничка ги прибира, се чуваат во согласност со законските одредби, односно 60 дена или додека самите автоматски не се избришат.

Согласност за употреба на слики
Сите јавно објавени слики од активности во градинката се регулирани со согласност за употреба на слики.