Во рамките на Еразмус + проектот КА 101-“Најдобри практики за инклузивна градинка”,членови на инклузивниот тим на ЈДГОА“Срничка”.имаа можност да ги подобрат своите професионални вештини и знаења во полето на работа со деца кои имаа различни потреби во учењето и развојот.

Обуката на тема: “Посебни потреби и Потешкотии во учењето: Како да се справите со нив?” од провајдерите на курсот “PROGETTO CRESCERE Reggio Emilia” – Италија, поттикнаа кај учесниците значајно учество во дискусии повразни со методологиите и алатките кои се применуваат во опсервирањето на децата со потешкотии во учењето за време на престојот во градинката, непосредно пред нивното поаѓање во училиште.

Присутните стручни работници и воспитувачи ги продлабочија своите знаења за описот и анализите на потешкотиите во учењето (дислексија, дисграфија, дискалкулија) и ги подобрија своите вештини за примена на метакогнитивни методологии во поддржувањето на раниот детски развој.

Десиминацијата на обуката ќе се реализира во текот на месец Мај,2021 год. и ќе биде наменета за сите родители, негователи, воспитувачи, наставници и други професионалци кои работат со деца кои имааат потешкотии во учењето.