Да ги заштитиме децата во сообраќајот

Запознавањето на децата со основните правила и прописи  во сообраќајот e многу важно за нив бидејќи тие се јавуваат како учесници во сообраќајот и тоа и како пешаци, но и како велосипедисти уште од најрана возраст. За таа цел, денес во објект ,, Чекорче” дечињата од големите групи следеа предавање на тема .. Како да се заштитиме во сообраќајот” кое беше спроведено од страна на Републичкиот совет за безбедноста на сообраќајот на патиштата