Дечињата од големата група од објект ,, Лале” заедно со воспитниот тим, проф. по физичко воспитание и медицинската сестра земаа учество на манифестација ,, Движи се за здравје” организирана од страна на Детски културен центар Карпош. Целта на манифестацијата е дечињата од предучилишната возраст правилно да се развиваат и да ги подобруваат моторичките способности.
