Дечињата од големите групи од објект ,, Лале” заедно со воспитниот тим и проф. по физичко воспитание оваа година во склоп на Европската недела на мобилност беа дел од европската кампањата ,, Движи се рационално- штеди енергија” која традиционално се спроведува низ Европа, а сега прифатена и спроведена и од Општина Аеродром. Целта на кампањата е промоција на одржлив и ,, чист” урбан транспорт во со кој ќе се постигнат повеќекратни ефекти врз квалитетот на воздухот, животната средина, здравјето на луѓето и урбаното живеење.
