ИГРАТА И ПСИХОМОТОРНИОТ РАЗВОЈ НА ДЕЦАТА ОД 3-4 ГОДИНИ

Во овој период детето само себе си поставува одредена цел и според целта ја насочува својата активност.Детето ја замислува целта и својата активност ја насочува кон остварување на целта. Фантазијата станува попродуктивна .Преку игрите на фантазија доаѓа до израз влијанието на средината , воспитувањето , детското искуство , особено неговите желби и чувството на напнатост. Овде играта има и терапевтско значење. Детето повеќе ужива во игра кога е самото активно и активностите ги изведува по своја желба.Во третата и четвртата година , карактеристични се функционалните игри ,игрите со фантазија и рецепциски игри.Играта на оваа возраст станува посложена во однос на содржината.Низ играта децата од оваа возраст учат некои активности карактеристични и за возрасните што произлегуваат од нивната работа воопшто. Детето сака да игра и да учествува во активностите со влечење и туркање на предмети и играчки ( количка , автомобил , авион,животни на тркала и сл.). Децата на оваа возраст сакаат да си играат во песок и да изработуваат разни фигури.На оваа возраст исто така се привлечни играчките со свирење и удирање , а посебно интересни за играње се музичките играчки.

Игра: ,, Кој ќе стигне побрзо”

Опис на играта:

Децата седат на столчиња наместени  во круг со лицето свртени кон средината.Воспитувачот повикува две деца седнати едно покрај друго. Децата застануваат зад линијата на столчето свртени грб со грб.Другите деца заедно плескаат со рацете и гласно бројат„ ЕДЕН , ДВА ,ТРИ , ТРЧАЈ СЕГА ТИ“ двете деца трчаат едото на едната , другото на другата страна.Победува она дете кое ќе стигне побрзо до своето место.

Цел на играта:

Играта има натпреварувачки карактер и е наменета за развој на брзината на реакција, брзина на движењето по кружна линија и на снаодливоста.

Педагог по физичко воспитание: Маријан Устамитов