Интерен проект: ,, Нашето минато и нашата традиција се нашето богатство”

Објект: ,, Чекорче”

Возрасни групи: од 5 до 6 години

Воспитувачи: Васка Т. Јовановска, Анета Крстевска и Маја Кузманова

Преку разновидни активности  од овој проект децата се стекнаа со елементарни сознанија за нашето минато и традиција и се поттикна родољубивост и свесност за сопствениот културен идентитет. Дел од реализираните активности: Видео презентација”Убавините на Македонија “, Посета на музеј на Народна Ослободителна Борба на Македонија, Посета на собрание на РСМ, Приредба-  “Мојата татковина “, Вкусот на традицијата-соработка со родители-Презентација на проектот преку изложба на цртежи, креативни изработки, фотографии и постери.