Почитувани родители, Во изминатиот период, преку секојдневните средби со воспитните тимови, бевте делумно информирани дека во исчекување сме за изградба на нов објект на местото на стариот објект „Изворче“ при ЈДГОА „Срничка“ во кој престојуваат вашите деца. Поради неговата дотрајаност, неминовно е негово темелно рушење и изградба на нов современ објект по сите пропишани стандарди.
Ние како градинка која исклучително сериозно се грижи за безбеден и пријатен престој на децата, должни сме да организираме дислокација на воспитните групи по другите објекти на територијата на Општина Аеродром, кои се во склопот на ЈДГОА „Срничка“. Што значи дека секое дете со својата група и своите учителки ќе биде распределено да престојува во друг објект, се додека трае изградбата на новиот објект.
Ве замолуваме за разбирање и трпение во полза на вашите и наши дечиња. Станува збор за капитална инвестиција при што во нов, современ и опремен објект ќе се згрижат повеќе деца кои ќе имаат пријатен и безбеден престој во новото царство.
Со почит,
директор
Александра Јелиќ