Манифестација ,, Движи се за здравје”

Во склоп на Европската недела на мобилност, Одделот за спорт и рекреација при Детскиот културен центар „Карпош“ – Скопје, во чест на СВЕТСКИОТ ДЕН БЕЗ АВТОМОБИЛИ, на 21.9.2022 година, ја организира Манифестацијата под мотото „Движи се за здравје“, која е од забавен карактер и подразбира вежби за подобрување на моторниот развој кај децата од рана предучилишна и училишна возраст. Манифестацијата се одржа во Градскиот парк пред Фонтаната „Лотос“ (со запазување на пропишаните протоколи за заштита од КОВИД -19), при што од ЈДГОА „Срничка“ зема учество со 10 дечиња од голема група од објектот „Чекорче“. Дечињата од другите возрасни групи во градинката и оваа година ќе го одбележат Светскиот ден без автомобили со пригодни спортски игри на отворено и со едукативни текстови со кои ќе им укажеме како автомобилот може да наштети.

СЕКОЈ ЧОВЕК И ДЕТЕ ОД НАШАТА ПЛАНЕТА,

СО ВЕЛОСИПЕД ИЛИ ПЕШКИ ОВОЈ ДЕН ТРЕБА ДА ШЕТА!