Миризливи велигденски честитки- онлајн работилница

Со поаѓањето на детето во градинка, родителите и семејството стануваат соработници и партенри во заедничката задача – згрижување,нега,воспитување и образование на детето.Советувалиштето за деца и родители на ЈДГОА “Срничка”: “Растеме заедно” ги поканува родителите на учество во велигденската работилница под наслов “Миризливи велигденски честитки”. Работилницата има за цел да  обезбеди чувство на заедништво и социјална поврзаност, со вклучување на родителите и децата во заедничка активност преку интернет. Материјалите кои ви се потребни за активноста со Вашето дете ги имате на располагање во домот: зачини ,билки, житарици и свежи цвеќиња.Со вклучување на детето во оваа активност, ќе му овозможите богати сетилни искуства (мирисни и тактилни) кои придонесуваат за развојот на креативноста, имагинацијата и оригиналноста на децата, воедно негувајќи ги традиционалните велигденски обичаи во вашето семејство.Фотографија со вашата активност во домот, доколку се сложувате да биде дел од велигденската честитка која ја подготвува градинката, треба да ја испратите во воспитната група во која е запишано Вашето дете.