Први Април- Денот на шегата

Денес е денот на шегата и смеата. Светот се чини запре со сѐ останато и сите се насочени кон пандемијата, но барем малку денес да се обидеме да останеме позитивни.

Во најразлични земји од светот, Денот на шегата секоја година се слави на 1. април. Иако не е национален празник, се прославува како ден кога се прават многу шеги и досетки. На денешен ден возрасните и децата се маскираат, се облекуваат во карактеристични и уникатни вешто изработени маски и костими, кои имаат цел да насмеат и расположат. Денес секој може, за момент, да биде некој друг и со шега да ги насмее сите околу себе.

Бидејќи целта на празникот е среќа и смеење, на овој ден никој не треба да се лути на шегата и лагата без разлика дали е на своја или на туѓа сметка.

Како и секоја година, така и оваа, почитувајки ги протоколите за заштита од пандемијата, во нашата градинка „Срничка“ скромно ќе го обележиме Денот на шегата. И денес дворот на градинката ќе биде најшарено и највесело место во Општината. На децата ќе им го овозможиме  задоволството да дојдат маскирани во градинка, каде со својот воспитен тим ќе продефилираат низ дворот на градинката и ќе ја разубават населбата со прекрасните костими и маски со ликови на јунаците од цртаните филмови и приказните. Така и оваа година задоволството и среќата ќе бидат синоним за детската личност.

АПРИЛСКА ПЕСНА

Штркот слабо гледа,

па се оженил со жаба.

Волкот кум, лисицата кума,

на свадбата дошла целата шума.

И во приказната таква

би поверувал секој

ако зајакот не собрал сили,

па извикал: Априли-ли-ли!