Во рамките на Еразмус+ програмата на ЈДГОА „Срничка“ воспитно-згрижувачкиот тим на установата имаше можност да ги сподели своите практики со дел од воспитувачите и негователките од Јавната детска градинка Floenbahen од Норвешка. Нашите колеги поминаа еден цел ден во воспитните групи, набљудувајќи го начинот на работа и организацијата на денот, со цел да ги подобрат своите професионални вештини и знаења во полето на работа со деца. По завршувањето на планираните активности со деца, имаа можност да ја посетат О. Аеродром и одблиску да се запознаат со нејзиниот придонес во подобрување на квалитетот и условите за престој и згрижување на децата во градинките.





















