Возрасна група: од 4-5 години
Педагог по физичко и здравствено образование: Марјан Устамитов
На оваа возраст доминантна улога кај децата имаат творечките игри. Детето ја замислува целта на активноста , ја комбинира и си претставува активности кои се насочени кон остварување на целта . Творечките способности особено доаѓаат до израз преку игрите и активностите на конструирање и градње.За децата на оваа возраст карактеристични се подвижните , рецепциски и творечки игри . Рецепциски игри содржат : посматрање на слики, цртежи , модели на предмети и нивно моделирање , слушање на раскази , песнички , гледање на филмови итн. Игрите на фантазија и рецепциски игри се преодни облици кон развој на творечките игри. Посебен чекор во развојот на играта е кога детето си поставува определена цел и ја насочува својата активност кон остварување на таа цел. Во играта на фантазија , децата се соживуваат со различни улоги , како на пр: во улога на јавач , поштар ,пилот и сл. Кај децата на оваа возраст реалниот свет и светот на фантазијата се тесно поврзани.
Игра : Кој е побрз
Опис на играта: Децата се наредени во две или три колони со ист број на учесници, одалечени едни од други.Пред секоја колона има топка , првото дете од секоја колона ја зема топката , ја подигнува со рацете над главата и ја додава на второто дете преку главата при тоа телото мора да се наведне длабоко наназад , второто дете ја додава топката на третото дете под нозете , четвртото топката ја додава на глава и така наизменично додека топката не стигне до последниот во групата. Победува онаа колона која прва се изредила.
Цел на играта : Развој на флексибилноста на трупот , карличниот појас и нозете и координација на рацете.