Тема: ,, ИГРАТА И ПСИХОМОТОРНИОТ РАЗВОЈ НА ДЕЦА ОД 5-7 ГОДИНИ”

Педагог по физичко и здравствено воспитание: Марјан Устамитов

На оваа возраст детето бара во играчките и предметите сличност меѓу она што се сака и она што е реално,вистинско.На децата од оваа возраст им причинува задоволство да ги заменуваат играчките и предметите.Овде е позначајна улогата што ја имаат децата одколку самото играње со играчките.Кога децата ја знаат улогата ,тие можат да се снаоѓаат во играта и без играчки.Во играта кај децата на оваа возраст се забележуваат нови елементи.Карактеристично е што се договараат за улогите, а потоа ја развиваат содржината на играта според определен план и логичен редослед на активностите.Посебно се внимава на правилата на играта.Колку е поразвиена играта , толку правилата се посложени.Игрите со правила на оваа возраст имаат примарно значење.На оваа возраст изостануваат расправиите и критиките при остварување на улогите.Внесување содржина во играта има влијание врз почитувањето на правилата.Пред играта децата се договараат за правилата на кој начин ќе се игра , какви фигури ќе се изведуваат , кој начин на движење ќе се применува.Играта на оваа возраст има посебно дидактичко значење во смисла на стекнување навики и формирање претстава за одделни појави од секојдневниот живот или формирање нови сознанија за непосреднта средина.

Игра: Бегај побрзо

Опис на играта: Децата се наредени во круг и свртени со лице кон средината на кругот .Едно дете се движи околу кругот и по свој избор допира едно другарче по рамо со раката и бега.Детето кое е допрено по рамо почнува да трча зад првото дете .Задачата е децата што побрзо да стигната на своето место.Детето кое ќе стигне прво го зазема слободното место  , а слободниот играч ја продолжува играта.Децата се движат со трчање и со скокање на едната или двете нозе. Цел на играта: Развој на брзината на реакција на допир и на брзината на движење