Објект: ,, Лале”
Возрасна група: од 5 до 6 години
Воспитувач: Невенка Симовска
Негувател: Маргарита Јовановска
Преку реализација на темата „Моето тело е совршена машина“ децата стекнаа основни сознанија за човечкото тело, како и за здравиот и одговорен начин на живеење. Беа опфатени цели кои се однесуваа на стекнување сигурност во своето тело, запознавање и почитување на различностите, сетилата како совршени механизми. Децата се запознаа со надоврешните и внатрешните органи, нивниот изглед, нивните карактеристики како и нивната функција. Воочија дека сите тие се подеднакво важни за нас.
Секојдневно ги утврдуваа хигиенските навики, умеења и правила, одржувањето на личната хигиена. Се запознаа со факторите кои го нарушуваат и зајакнуваат здравјето, правилно однесување при болест, значењето на секојдневните физички активности како и правилната исхрана.