Возрасна група: од 2-3 години
Проф. по физичко физичко воспитание: Маријан Устамитов
На оваа возраст децата со задоволство си играат со оние предмети и играчки кои го привлекуваат вниманието на неговите сетилни способности. Детето сака да си игра со звучни играчки , со едноставни предмети за играње , да ги свиткува , да удира врз нив , да ги расклопува , да ги фрла и слично.На развојот на детската игра во оваа возраст посебно влијание имаат игрите со имитирање на други деца и возрасни.Ако се настојува да се имитира некоја активност на возрасните , детето треба да биде способно да ги контроира сопствените движења. Карактеристично за оваа возраст е зголемениот интерес за предметите и појавите што ја поттикнуваат моторната активност на детето. Децата стануваат се посамостојни во играта и во ивршувањето на задачите. Координацијата на рацете е се по усовршена , детето е способно да го насочи вниманието кон определена активност и кон правилно усовршување на движењето. На ова возраст на децата им се допушта самостојно да играат , да се движат , да одат , да трчаат , да се провлекуваат , да скокаат , да се качуваат и да се движат по нерамен терен. За развој на фината координација на движењето на рацете потребно е за време на играта да се користат поедноствни игри и играчки со поедноставни правила за играње. Играта секогаш треба да биде интересна и емотивна за да се привлече вниманието на децата и да се поттикне интересот за играње и вежбање.
Игра: ЕЖ
Опис на играта: Децата се застанати во круг и се држат за раце. Во средината едно дете е во улога на ,,ЕЖ“ и спие. Децата играат околу него и му пеат:
Не играјте оро вие,
Ешко мирно спие
Со рачиња не го фаќај
Ешко боде , БЕГАЈ.
На зборот „бегај“ децата бегаат низ целиот простор(занимална) и доколку едно од нив биде фатено, тогаш се менуваат улогите.
Цел: Развој на општата моторика на движењето.