Тема: Професии – професија ,, Археолог” – Посета на Тумба Маџари – археолошки локалитет

Објект: ,, Лале”

Возрасна група: од 5 до 6 години

Денес дечињата од големата група од објект Лале со воспитувач Валентина Трпчевска и негувател Љупка Вељановска, го посетија археолошкиот локалитет Тумба Маџари – предисториска населба во неолитот.  Децата се запознаа со животот и работата на луѓето во тоа време. Преку едукативни содржини и импровизирани предмети децата можеа да го доловат моментот на тогашниот живот.  При тоа се запознаа и со работата на археолозите во која и самите учествуваа и истражуваа.