Објект: ,, Чекорче”
Возрасна група: од 4 до 5 години
Воспитувач: Елена Накова Николоска
Негувател: Славица Станковиќ
Убавината на природата ја сочинува водата, тревата, цвеќињата, дрвјата, шумите и се што може да ја направи нашата планета Земја посебна за живот, а особено за раст и развој кај децата, каде што ние возрасните сме оние кои се радуваат на нивните искрени насмевки. Затоа во чест на меѓународниот ден на планетата Земја, заедно со децата како подарок засадивме дрво ” Ајкуба ” со цел да го разубавиме нашиот двор.Покрај нагледните средства, детска енциклопедија, апликации, песни тие ја воочија важноста за да ја сочуваме планетата Земја како наш голем дом. Со тоа се истакна нивната емпатија, љубопитност и поттик за истражување, но се разбуди и детската еколошката свест.