Тема- ,, Јас во сообраќајот”

Објект: ,, Чекорче”

Возрасна група: од 4 до 5 години

Воспитувач: Елена Накова Николоска

Негувател: Славица Станковиќ

Стекнувањето на основните знаења, карактеристики и правила во сообраќајот ја разбуди детската љубопитност за набљудување и истражување, но и го збогати фондот на зборови преку разговор, говорни игри (гатанки) и многу други нагледни средства како сликовници, апликации, постери со кои секојдневно се служиме за подобро пренесување на информациите и насочување кон планираните активности.

Прошетката до блиска раскрсница, изработка од еко материјали на семафори, превозни средства како и за пешаци, изработка на раскрсница-макета, автомобили, собирање на камчиња кои ни послужија за макетата раскрсница, макета на железничка станица, им овозможи на децата да ги истакнат своите мисловни и моторички способности.