Хуманитарна акција ,, Помислете и на нас”

Почитувани хумани родители,

Во пресрет на Светскиот ден на борба против гладот и сиромаштијата, под мотото ,, Помислете и на нас” во нашата градинка ,, Срничка” од 13.10.2021 до 18.10.2021 година во сите објекти ќе се спроведе хуманитарна акција за собирање храна и хигиенски средства наменети на оние на кои им се неопходни. Затоа, уште еднаш со вашата доблест потврдете дека хуманоста е благородно дело.