11 Октомври- Ден на народното востание

  Македонија денес го слави 11Октомври – Денот на народното востание на македонскиот народ. Овој ден е симбол на македонскиот непокор и слободарскиот дух. Патот до конечна победа преку долгогодишната народноослободителна борба, исполнет со страдања и херојски подвизи ни обезбеди место на страна на правдата и човечноста. Благодарение на пожртвуваноста на храбрите борци и на нивните идеали за слобода, денес ние живееме во слободна татковина.  Борбата за слобода зеде многу жртви пред кои ние денес се поклонуваме и чие дело го славиме. На овој ден се слави пожртвуваноста и решителноста на македонскиот народ за слобода и создавање на самостојна и независна држава. Тој идеал нé води и денес во остварувањето на подобра сегашност за денешните и подобра иднина за наредните генерации. Нашата определба денес е сигурно и непоколебливо да го следиме заветот што ни го оставија храбрите борци, да продолжиме да се бориме, да ги одржиме темелите на слободна РСМ. 

Затоа, обединети и сплотени, треба да го продолжиме стремежот на борците од НОБ за просперитетна Република Северна Македонија, приклучувајки се како рамноправна држава во обединета Европа. Да ги вградиме своите копнежи, своите стремежи, своето знаење во создавањето, негувањето и развојот на нашата сакана татковина. Визиите, идеите, мирољубивоста и великодушноста отсекогаш беа најсилното оружје на македонскиот народ. Огнот на тие идеи денес го пренесуваме и на најмалите, на младите генерации. Нивниот дух го задојуваме со стремежот и идејата да се живее и расте во своја, сопствена држава во која ќе не грее слобдарското сонце. Токму тие идеи во чест на празникот 11Октомври, децата од градинката „Срничка“ ги преточија во своите литературни и ликовни творби.

11 ОКТОМВРИ

Единаесетти октомври

вечно ќе се слави,

зошто слободата

на тој ден се јави.

Прилеп и Куманово

паметник се вечен,

песната за борците

како река тече.

Многу млади животи

згаснаа ко свеќа,

за подобар живот.

за мир и среќа.