15 мај- Светски ден на семејството

Покрај многуте успеси и унапредувања, финансиската стабилност, вечната потрага по совршенство, кариера, врвни подеми, на крајот од денот сè се сведува на првата и последна, една и единствена вредност која човекот може да ја постигне како човек – да има љубов, блискост, да има топлина, да има СЕМЕЈСТВО. Тогаш знае дека ја достигнал есенцијалната поента на своето постоење.

Кога ќе се изговори зборот СЕМЕЈСТВО – звучи исконски. За оној кој има семејство велат дека е богат. Семејството е она што те прави среќен, спокоен, ти го стоплува срцето. Семејството се оние луѓе кои никогаш нема да те изневерат, оние кои секогаш те поддржуваат…тоа се луѓето во твојот живот кои сакаат да бидеш дел од нивниот. Членовите на семејството во ист здив ја чувствуваат предизвиканата болка, се бакнуваат, се сакаат, смеат и нивните мисли во ист миг тлеат…Таинствена е нишката која го држи и обединува семејството.

  Нагласувајќи ја важноста на семејството како основна клетка на општеството, Генералното собрание на Обединетите нации го прогласи 15 мај како МЕЃУНАРОДЕН ДЕН НА СЕМЕЈСТВОТО.

  Одбележувањето на меѓународниот ден на семејството, во суштина, треба да ја подигне свеста за значењето на вредностите кои се негуваат и развиваат во рамките на домот и како тие се рефлектираат во рамките на општественото живеење. Членовите во секое семејство треба да имаат рамноправен статус, да се единствени, да разговараат, заеднички да ги надминуваат тешкотиите и решаваат проблемите, а децата е пожелно да живеат и растат во здрава средина за да бидат психофизички здрави личности кои во иднина ќе имаат позитивен став кон животните предизвиоци. Секогаш кога семејството се распаѓа, општеството е засегнато на некој начин. Кога долго изгубените семејства се повторно заедно, општеството има полза.

  Потенцирајќи ја непроценливата важноста на семејството, во градинката „Срничка“, континуирано во сите сегменти на едукативниот и згрижувачкиот процес ја потенцираме и негуваме тесната соработка меѓу семејството и градинката, затоа што практиката потврди дека меѓусебната комуникација и добра соработка е од особено значење за децата, за нивниот правилен психофизички развој.

Семејството е најважното нешто на светот! Да се има семејство значи да се има цел еден свет, дома!

СЕМЕЈСТВО

Се започнува од него,

едно и единствено е тоа,

моето семејство, мојот дом –

единствена среќа моја.

Јас го сакам семејството мое,

Секој од нас знае љубов што е,

топлина и радост душа ти грее,

во верност и слога срцето пее,

од топол збор секој се смее.