Во ЈДГОА “Срничка”- објект “Црвенкапа “, на ден 19.12.2024 год. се одржа дисеминација на обука на тема: “Социјална комуникација: Методологии, инструменти и техники за работа со родители и нивно вклучување во образовен контекст. “Обуката беше дел од Еразмус+ проектот кој се реализира во соработка со провајдер од Реџо Емилија- Италија, Прогетто Крескере (Progetto Crescere) и партнерство со ООУ “Браќа Миладиновци”-Аеродром. За време на дисеминацијата, значајни новини во однос на соработката со родителите беа споделувани од страна на воспитувачите, наставниците и членовите на стручната служба, како резултат на промените во општественото живеење кои влијаат на односот и воспитните пристапи на родителите кон своите деца.
„Ниту едно училиште не може да работи добро, ако родителите и наставниците не дејствуваат партнерски во име на најдобриот интерес на децата. Родителите имаат целосно право да разберат што се случува со нивните деца на училиште, а воспитувачите и наставниците имаат одговорност да ги споделат тие информации без предрасуди… Таквата комуникација, која може да биде само во интерес на детето, не е можна без взаемна доверба помеѓу родителот и учителот“ (Дороти Х. Коен)
Следејќи ги овие едноставни, но важни зборови, оваа обука имаше за цел да ги зајакне компетенциите на учесниците во градењето на партнерски односи помеѓу родителите, воспитувачите и наставниците во денешното стресно време: нуди некои методи, техники и стратегии за стапување во контакт и работа со семејствата. Резултат е на претходни проекти (LLP) во Европа. Конкретно проектот “МРЕЖА: Нова едукативна обука за РАБОТА со родители.”
Проектот “ Чекор поблиску до среќен училишен почеток ” започна со цел да се обезбеди одржливост и континуитет во поддршката на родителите во подготвувањето на нанивните децата при транзицијата градинка- училиште. И покрај тоа што проектот завршува до крајот на 2024 година, втемелените вредности по однос на континуираната соработка со локалните училишта од Аеродром, за олеснување на транзитивните промени на децата и нивните семејства, ќе продолжат да бидат составен дел од визијата и мисијата на градинката.