2.10-6.10.2023 година- Детска недела

Нема поголема мисија од таа да им донесеш радост на децата на било кој начин, во било кое време… Здраво и среќно дете, значи здрава и среќна нација. Детето кое е сакано денес, ќе ја шири љубовта утре. Се што им е потребно на децата е љубов, грижа и многу игра!

Првата недела во месец Октомври е посветена на сите деца во светот, недела која не потсетува дека треба континуирано да ја подобруваме благосостојбата на децата, да ги промовираме и да ги прославуваме детските права. Да се залагаме да им обезбедиме  безбедна средина во која тие ќе растат здрави, среќни, исполнети и насмеани. По повод Детската недела во нашата градинка ЈДГОА ,,Срничка’’ ќе се реализираат низа различни активности. Децата ќе уживаат во театарски претстави, детски игри, работилници со родители, базари и најважно, меѓусебно ќе се дружат.