И оваа година ЈДГОА Срничка во соработка со Општина Аеродром беше учесник во дел од активностите кои се спроведуваа во склоп на одбележувањето на Европската недела на мобилност. Темата на овогодинешната Европска недела на мобилност беше ,, Споделен јавен простор”, каде учество земаа дечињата од големите групи од објект ,, Бамби” заедно со воспитниот тим и проф. по физичко образование и воспитание Марјан Устамитов.