22. септември- Светски ден без автомобили

Денешниот ден, 22 септември, покрај тоа што е гласник на почетокот на есента, исто така е важен затоа што се одбележува и СВЕТСКИОТ ДЕН БЕЗ АВТОМОБИЛИ. Овој ден за првпат беше одбележан пред 20 години и има за цел да ја крене свесноста кај возрасните за зачувување на чиста, здрава и зелена животна средина, како и применување еколошки транспортни решенија (јавен транспорт, пешачење и велосипедизам). Само на тој начин ќе ја заштитиме околината од штетните издувни гасови што ги испуштаат автомобилите, како и големата бучава што ја создаваат тие. Одбележувањето на овој ден треба да ги поттикне граѓаните да замислат еден поинаков град кој ќе биде во функција на луѓето, а не на автомобилите.

Во склоп на Европската недела на мобилност, Одделот за спорт и рекреација при Детскиот културен центар „Карпош“ – Скопје, во чест на СВЕТСКИОТ ДЕН БЕЗ АВТОМОБИЛИ, на 21.9.2022 година, ја организира Манифестацијата под мотото „Движи се за здравје“, која е од забавен карактер и подразбира вежби за подобрување на моторниот развој кај децата од рана предучилишна и училишна возраст. Манифестацијата се одржа во Градскиот парк пред Фонтаната „Лотос“ (со запазување на пропишаните протоколи за заштита од КОВИД -19), при што од ЈДГОА „Срничка“ зема учество со 10 дечиња од голема група од објектот „Чекорче“. Манифестацијата се одржа по сите протоколи за заштита од Ковид- 19, кои важат во дадениот момент. Дечињата од другите возрасни групи во градинката и оваа година ќе го одбележат Светскиот ден без автомобили со пригодни спортски игри на отворено и со едукативни текстови со кои ќе им укажеме како автомобилот може да наштети.

СЕКОЈ ЧОВЕК И ДЕТЕ ОД НАШАТА ПЛАНЕТА,

СО ВЕЛОСИПЕД ИЛИ ПЕШКИ ОВОЈ ДЕН ТРЕБА ДА ШЕТА!