23.05.2024 – ,, Цртање на асфалт”- ДКЦ Карпош

По повод 24 Мај денот на македонските просветители Св. Кирил и Методиј дел од дечињата од големата група од објект ,, Чекорче” учествуваа на манифестацијата ,, Цртање на асфалт” која се реализираше под мотото ,, Ја учам азбуката, моите први букви” организирана од страна на Детскиот културен центар Карпош.