24 МАЈ – ДЕНОТ НА СЕСЛОВЕНСКИТЕ ПРОСВЕТИТЕЛИ

Делото на светите браќа Кирили Методиј е најголема цивилизациска придобивка за словенските народи, тие овозможиле голем историски напредок и изградиле цела култура која и денес живее и се развива. Tие се основоположници на словенската писменост и литература и се заслужни за културниот развој на сите словенски народи. Нивната мисија е од огромна важност за сиот словенски свет.

Затоа, денес, им оддаваме почит на двајцата солунски браќа кои во 19 век ја создале првата словенска азбука – глаголица. Со тоа словенските народи се издигнале на едно повисоко културно ниво, така што богослужбените книги биле пишувани на, за нив, разбирлив јазик и писмо. Врз основа на глаголицата, од страна на нивните ученици е создадена кирилицата која ден-денес претставува официјално писмо на голем број народи во светот, вклучително и на македонскиот народ.

      Денес, длабоко им се поклонуваме на овие словенски просветители затоа што во наследство ни ја оставија азбуката, писменоста и духовноста и ни овозможија да ги поседуваме темелите на просветителството, а со тоа да чекориме по единствениот пат на човештвото кој води кон вистинскиот прогрес.

Затоа, спроти овој значаен ден – 24 Мај, потсетуваќи се на делото на големите просветители, во градинката „Срничка“, во објектот „Црвенкапа“  ја имавме таа привилегија да ни гостува – професор, кој преку едукативен разговор со децата од големите групи, успеа да го опише огромното непроценливо дело на словенските просветители, кои како први учители го посеале семето на просветата мегу словенските народи и со својата дејност описмениле многу ученици кои станале следбеници на нивното дело. Благодарение на нив ние денес имаме свој јазик и писменост.

Затоа, ние, воспитните тимови ветуваме дека и натаму ќе ја продолжуваме нивната мисија, низ секојдневните разновидни активности ќе се трудиме на децата безрезервно да им го пренесеуваме и втемелуваме ова непроценливо богатство а со тоа да влијаеме на сестраниот развиток на личноста.

24 МАЈ

Денес го славиме денот

на сесловенските просветители,

на нашите први учители.

Ден празничен, свечен,

по светите браќа –

Кирил и Методиј наречен.

Со кирилица денес ние пишуваме,

со неа благодарност искажуваме.

Азбуката мила, кирилична-света,

во нашите книги неуморно цвета.