Луѓето ги слават оние што му се посветиле на добродетелството на образованието на другите. Такви се нашите први просветители и учители браќата Кирил и Методиј. Денес им оддаваме почит на двајцата солунски браќа кои во 19 век ја создале првата словенска азбука – глаголица. Со тоа словенските народи се издигнале на едно повисоко културно ниво така што богослужбените книги биле пишувани на, за нив, разбирлив јазик и писмо. Врз основа на глаголицата, од страна на нивните ученици е создадена кирилицата која ден-денес претставува официјално писмо на голем број народи во светот, вклучително и на македонскиот народ.
Датумот 24 мај е избран како – Ден на словенските просветители, затоа што на тој датум пред 11 века започнала таканаречената Моравска мисија, при која учителите на сите словенски народи во наследство им ја оставија азбуката, писменоста и духовноста. Просветителството е единствениот пат на човештвото кон вистинскиот прогрес, ја истакнува важноста на човековата мудрост и добрина.
Затоа, на овој ден, потсетуваќи се на делото на големите просветители, ние, воспитниот тим во градинката „Срничка“ветуваме дека и натаму ќе ја продолжуваме нивната мисија, низ секојдневниот говор, комуникација и читање на приказни, песнички и бајки ќе се трудиме на децата безрезервно да им го пренесеуваме и втемелуваме ова непроценливо богатство. Наша одговорност е на секоја млада личност да ги поставиме темелите за самоизградба низ образование, достигнувајки го врвот на своето постоење.
СВЕТИ КИРИЛ И МЕТОДИЈ
Кирил и Методиј,
просветители наши биле,
на ова тло – гнездо тие свиле.
Учители славни
за светот тие станале,
за слова, за говор,
тие знаења нови давале.
Поминаа години многу
и уште толку ќе минат,
но името и спомените
за солунските браќа
никогаш нема да згинат.