Тема- ,, Здрави навики за здраво детство”

Објект: ,, Лале”

Возрасна група: од 3 до 4 години

Воспитувач: Лена Коцевска

Негувател: Станка Стојановска

Раното детство е период во кој детето интензивно расте и се развива. Од особена важност е децата уште од најмала возраст, преку игра, да учат и да стекнат навики (консумирање здрава храна, физичка активност, хигиенски навики…) кои ќе им овозможат здраво и среќно детство. Децата од малата група покажуваат голем интерес за истражување на овошјето, видови, бои, форми, кога, како и зошто се консумира.