Почитувани родители,

Како директор на ЈДГОА ,, Срничка ” имам сознанија за одредени  ваши несогласувања со воспитно-згрижувачкиот тим во врска со времето на престојот на вашите деца во градинката. Ви се обраќам најодговорно, со цел  да ви потврдам дека – Никој не смее да ви одреди кога ќе го земете вашето дете, вие сте тие што го одредувате времето на престој во согласност со вашето работно време.  Градинката работи до 18:00 часот. Доколку имате измени во работното време (поткрепено со документ од институцијата во која работите) треба да биде известен тимот во групата. За било какви недоразбирања обратете се во управата.


Со почит,

директор Александра Јелиќ Исаиловска